СПМ не се откажува: Да се направи споменик на загинатите македонски бранители во Куманово како тој на УЧК!

t

Сметаме дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија а воедно очекуваме оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата, се вели во соопштението на Синдикатот на Полицијата на Македонија.

Синдикатот на Полицијата на Македонија поднел барање до Собранието за изградба на споменик за сите паднати борци кои досега загинале од осамостојувањето на Република Македонија до денес во градот Куманово. За ова поддршка се бара од сите пратеници.


Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

„Почитувани,

Синдикатот на Полицијата на Македонија ја информира јавноста дека откако остваривме средба со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на која побаравме нашата иницијатива за изградба на спомен обележје во општина Куманово да ја ставиме во мирување.

До ваква одлука дојдовме водени од фактот дека на територија на Општина Липково во меѓувреме е изграден монументален споменик со грандиозни големини во чест на паднатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 година којшто кај сите нас генерира негативни чувства, несоодветно ја отсликува реалноста што дополнитенлно буди негативни чувства и кај сите бранители, семејствата на загинатите бранители, граѓаните и нашите членови кои што ги претставуваме.

Поради тоа ја информираме Македонската јавност дека веќе поднесовме нова ИНИЦИЈАТИВА/БАРАЊЕ до Собранието на Република Македонија до сите пратенички групи за давање на ПОДДРШКА за градба на меморијален споменик на територија на Општина Куманово за сите бранители и паднати борци од осамостојување на Република Македонија до денеска кои што својот живот го дале за заштита на уставниот поредок на независна Македонија и нејзините граѓани.

Оваа иницијатива е поднесена од наша страна согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележје Сл.весник на РМ бр. 66/04,89/08,152/15 до Собранието, член 5 став 2.

Сметаме дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија а воедно очекуваме оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата“, се вели во соопштението на Синдикатот на Полицијата на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синдикатот на администрација и државна управа бара…

Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ)…

Македонската армија и полиција на протест пред…

Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку…

Администрацијата бара К-15 за 2020 – Министерот…

УПОЗ, синдикатот на администрацијата, на средбата со…