СПМ: Поднесовме нова иницијатива до Собранието за градба на меморијален споменик за сите бранители и паднати борци на Македонија! (Фото)

t

Синдикатот на Полиција во Македонија до јавноста испрати соопштение во врска со иницијативата за изградба на спомен обележје на бранителите од конфликтот 2001 и кумановските настани 2015 поднесена до Градоначалникот и Советот на општина Куманово кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално:

„Синдикат на Полиција во Македонија ја информира јавноста дека откако остваривме средба со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на која што средба побаравме нашата иницијатива за изградба на спомен обележје во општина Куманово да ја ставиме во мирување. До ваква одлука дојдовме водени од фактот дека на територија на Општина Липково во меѓувреме е изграден монументален споменик со грандиозни големини во чест на паднатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 којшто кај сите нас генерира негативни чувства, несоодветно ја отсликува реалноста што дополнитенлно буди негативни чувствата и кај сите бранители, семејствата на загинатите бранители, граѓаните и нашите членови кои што ги претставуваме.

Поради тоа ја информираме Македонската јавност дека веќе поднесовме нова ИНИЦИЈАТИВА/ БАРАЊЕ до Собранието на Република Македонија до сите пратенички групи за давање на ПОДРШКА за градба на меморијален споменик на територија на Општина Куманово за сите бранители и паднати борци од осамостојување на Република Македонија до денеска кои што својот живот го дале за заштита на уставниот поредок на независна Македонија и нејзините граѓани. Оваа иницијатива е поднесена од наша страна согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележје Сл.весник на РМ бр. 66/04,89/08,152/15 до Собранието, член 5 став 2.

Сметаме дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија а воедно очекуваме оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нова надеж за уставобранителите: Иницијаторите на…

Сите се сеќаваме на Тиранската платформа која…

Поранешен бугарски заменик МНР: Очекувам судири за…

„Очекувам судири по повод прославата на 151-годишнината…

Македонија на 85-то место на светскиот индекс…

На меѓународниот индекс за перцепција на корупцијата…

Добро утро со Инфомакс: По патот на…

Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…

Добро утро со Инфомакс: Еден чоек шчо…

На денешен ден, 18 јануари 1830 година…