Објавено на:

Според Бајден се уште нема докази дека Мариупол е освоен

t

Русија денеска соопшти дека го „ослободила“ јужниот град Мариупол, иако стотици украински борци остануваат заробени во фабриката за челик Азовстал.

Но, во своето обраќање од Белата куќа, американскиот претседател Џо Бајден рече дека е „сомнително“ дали Путин навистина го контролира градот.

„Сè уште нема докази дека Мариупол целосно паднал“, рече Бајден.

Тој повика на хуманитарни коридори за да им се овозможи на луѓето да ги напуштат челичарниците и другите области на градот.

„Тоа би го направил секој шеф на држава во такви околности“, рече тој.

Зеленски му се заблагодари на Бајден

Украинскиот претседател Володомир Зеленски му се заблагодарува на американскиот претседател Бајден за оваа нова рунда поддршка за Украина.

Претседателот Зеленски на својот профил на Твитер рече дека помошта е потребна „денес повеќе од кога било!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин го доби планот: Русија планира да…

Русија планира да го обнови Мариупол за…

(Видео) Прваче или претседател: Бајден се потруди…

Американскиот претседател, Џо Бајден се врати во…

Бајден вели: Санкциите против Русија влијаат и…

Соединетите држави и Европа знаеле дека воведувањето…

Русија откри каде ги “смести” заробените Азовци…

Главните бранители од челичарницата Азовстал кои војуваа…

Да не го турна Путин: На социјалните…

Американскиот претседател Џо Бајден падна од велосипед…