Според бугарскиот МНР добро е што се зголемува бројот на бугарски клубови во Македонија

t

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков се надева дека бугарските културни клубови во Македонија ќе можат да функционираат нормално и вели дека е добро што нивниот број се зголемува.

-Нивниот број се зголемува, и тоа е според мене е добар знак затоа што гледаат можност во овој тип на организација да ги истакнуваат своите интереси поврзани со нивната етничка идентификација. Тоа што очекуваме од Македонија е да биде обезбедна нормална средина за функционирање на тие клубови и тие да функционираат во духот на разбирањето, да бидат мостови меѓу нашите две земји, да не бидат повод за дополнителни поделби и за говор на омраза, така што очекуваме да има реакција и од страна на Владата. Треба да се постигне едно европско решение и европско фунцнирање на овој вид здруженија, изјави Милков, одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека треба да функционираат или да се затворат бугарските културни клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“.

На заедничката прес-конференција со министерот Бујар Османи, тој ги коментираше и изјавите на бугарскиопт пратеник и лидер на партијата Преродба, Костадин Костадинов и рече дека не ја одразуваат официјалната позиција на Бугарија.

– Јас сум сосема категоричен дека Костадин Костадинов не ја изразува официјалната позиција на Република Бугарија и на нејзината Влада и мојот апел кон медиумите во Македонија е да не го концентрираат вниманието врз политичари коишто бараат такви крајни искази. Поважен е официјалниот став на Бугарија и многу ќе се радуваме ако вие на граѓаните на Северна Македонија им го посочувате тоа што го мисли мнозинството од бугарското општество и политичарите, а не некои луѓе што користат такви термини за да ги истакнат своите политички внатрешни цели, рече Милков.

Костадин Костадинов, на отворањето на на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје на 25 ноември, рече дека „Македонија е втора бугарска држава, односно треба да бидеме една држава, која ќе се протега од Црното Море до Охридското Езеро“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добро утро со Инфомакс: По патот на…

Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…

Македонското и бугарското МВР на заеднички состанок…

Бугарските медиуми попладнево објавија дека тамошниот технички…

Бугарија кога вака? Шолц потсети на одговорноста…

Германскиот канцелар Олаф Шолц потсети на историската…

Ова е веќе лудило: Бугарија со нота…

 Бугарското Министерство за надворешни работи ќе испрати…

Спремен за во Влада, Таравари на Твитер:…

 Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен…