Според ДУИ францускиот предлог е во рамки на дозволениот национален компромис

t

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја поздравува конструктивната улога на француското претседателство за изнаоѓање прифатливо решение за спорот на нашата земја со соседна Бугарија и цени дека предлогот даден во форма на идеи за решение е добра основа за завршување на спорот и за одблокирање на нашиот европски пат.

„Нашата земја е пред историска одлука, онаа на отворање на преговорите со Европската унија и затворање на сите спорни прашања со соседите, затоа цениме дека ваквите шанси за компромис кои не го загрозуваат идентитетот, јазикот и националното достоинство на нашите македонски сограѓани не треба да се пропуштаат, заради сигурната и прогресивната иднина на државата и регионот“, соопштија од ДУИ.

Од ДУИ апелираат до сите страни вклучени во овој, како што се наведува во соопштението, историски процес рационално да пристапат кон содржината на предлогот и заедно да ја донесеме долгоочекуваната одлука за одблокирање на интегративниот пат на земјата.

Заедно со партнерите од владината коалиција, опозицијата, Собранието, Претседателството, државните институции, како и медиумите, граѓанското општество, академскиот свет, врз принципите на транспарентност, велат од ДУИ, го започнуваме процесот на консултации во кои како никогаш досега се бара зрелост и рационалност, а не субјективен протагонизам за тесни интереси.

„Демократската Унија за Интеграција останува доследна на своите позиции за решавање на спорот со Бугарија и поради оваа причина цениме дека францускиот предлог е во дозволените рамки на рационален компромис“, се подвлекува во соопштението од партијата.

Овој предлог, овој пат, сметаат од ДУИ, оваа европска иднина ја има поддршката од Вашингтон, Брисел, Париз, Лондон, Рим, другите западни престолнини, а сите достигнувања ги имаме постигнато заедно со евро-американската заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фуркан “го пошљака” Тупанчески: На влезот…

Новинарот Фуркан Салиу денеска од министерот за…

Таравари определил луѓе за комуникација со Ахмети:…

И додека премиерот Димитар Ковачевски негираше преговори…

Огнената група е против влезот на Алијанса…

Без одобрение на извештајот заврши синоќешната средба…

На отчет пред партијата: ДУИ и денеска…

 Демократската унија за интеграција денеска во партиското…

Хајрулахи кој е близок до ДУИ повторно…

Мустафа Хајрулахи кој е близок до ДУИ…