Спречен влез на над 600 мигранти во Хрватска!

t

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска изјави дека синоќа околу 600 мигранти биле спречени да влезат во Хрватска, оценувајќи дека тоа е невиден број.

– Само во текот на изминатата ноќ, околу 600 илегални мигранти беа спречени да влезат на територијата на Република Хрватска, тоа се бројки без преседан, изјави Божиновиќ на маргините на одбележувањето на 33-годишнината од формирањето на Антитерористичката единица Лучко.

Тој објасни дека оние кои влегуваат имаат „одредени права“ кои Хрватска ги почитува, додавајќи дека Хрватска организирано ќе ги носи мигрантите во центрите за регистрација, од кои организирано ќе заминуваат.

Божиновиќ рече дека еден таков центар треба да се отвори во Дуги Дол кај Крњак, во Карловачката жупанија, каде неодамна се одржа протест поради пренамена на поранешен воен полигон во центар за регистрација на мигранти.

Тој нагласи дека цела Европа се соочува со миграциски притисок бидејќи милиони луѓе од Африка и Блискиот Исток својата иднина ја гледаат на европскиот континент.

Хрватскиот министер рече и дека годинава се уапсени рекорден број шверцери, повеќе од 850.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија и Хрватска повторно “на нож”: Одбиено…

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ…

Србија ја прозва Хрватска за протерувањето на…

Министерството за надворешни работи на Србија денеска…

(Видео) Спречен нелегален влез на шест мигранти…

Мобилен тим при Секторот за контрола и…

СТРАШНО: Ученици од Хрватска фотографирани како користат…

За време на неодамнешната посета на Вуковар,…