СПЦ утре ќе одлучува за “судбината” на МПЦ-ОА

Во Сремски Карловци денеска се одржа централната прослава по повод стогодишнината од воспоставувањето на Српската патријаршија.
По свечената утринска литургија, следуваше заседание на Соборот на Српската православна црква, а работниот дел треба да продолжи утре во Белград, по што се очекува да биде соопштено дали СПЦ ќе го промени ставот за МПЦ.
Српските медиуми повикувајќи се на неофицијални извори пишуваат дека СПЦ ќе ја потврди одлуката на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој на 9 мај ја призна црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.
Српски Курир, кој се повикува на извори од СПЦ, вели дека одлуката за признавање требало набрзо да биде донесена, бидејќи за тоа веќе било преговарано изминативе месеци на ниво на поглаварите на двете цркви, па дури и на почетокот на овој месец во Ниш, и дека на тој начин би бил решен 55-годинишниот спор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во…
Во храмовите на Македонската православна црква –…
МПЦ-ОА со сочувство до семејствата на загинатите…
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква…
СПЦ со сѐ поголема поддршка за српските…
Шест епископи на СПЦ испратија писмо до…
Епископ Хераклејски г. Климент нов портпарол на…
Епископ Хераклејски г. Климент е новиот портпарол…
Г.г. Стефан: Најголемото наследство од Свети Климент…
Како духовен отец и просветител, Свети Климент…