Србин ја убил сопругата, пукал во зетот па се самоубил

t

Маж, за кој швајцарските медиуми јавуваат дека е по потекло од Србија (57), ја убил сопругата (54), тешко го ранил зетот (36) и се самоубил по расправија во семејната куќа во Елсау, предградие на Цирих.

Злосторството се случило на 8 септември, според швајцарските медиуми, а на него присуствувале ќерката и внуците на Србинот.

– Околу 21 часот слушнавме врисоци, а потоа и неколку истрели. Не знаевме што се случува, но сигурно беа испукани 4 или 5 истрели, видовме дека полицијата ја обиколи куќата – изјавија за Блиц соседите на парот.

Се испоставило дека мажот прво ја убил сопругата, го ранил зетот, а кога видел што направил се застрелал. Брзата помош ги пренела двајцата повредени во болница, каде на зетот му била извршена операција, а напаѓачот починал.

Според медиумите, испукани се четири истрели. Кантонската полиција во Цирих во текот на ноќта за Блиц потврди дека се случило злосторство.

– Огнено оружје е употребено во внатрешна семејна расправија – соопштија од полицијата.

Блиц јавува дека семејството се доселеници од Србија, а ќерката и внуците не се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камионџија од Босна и Херцеговина убиен во…

45-годишниот Џемал Чардаковиќ е убиен вчера во…

ХОРОР во Иран: Ученичка убиена затоа што…

Уште една ученичка, наводно, била убиена од…

ХОРОР во Србија: Татко си ја убил…

Убиството во Вршац, каде што таткото Марко…

Како на филм: Кавадарчанка го убила па…

Полициски службеници од СВР Велес – ОВР…

(Видео) Нова трагедија во Иран: Сурово убиена…

Хадис Наџафи, 20-годишна жена застрелана и убиена…