Објавено на:

Србија ги ограничи цените на прехранбените производи и извозот на пелети

t

Владата на Република Србија на денешната седница ја усвои изменетата Уредба за ограничување на цената на основните прехранбени производи, со која се ограничува малопродажната цена на кристалниот шеќер за сите пакувања. Лимитот на цената на кристалниот шеќер во пакување од еден килограм останува на 89,99 динари (0,76 евра).

-Уредбата е донесена со цел да се заштити пазарот, а поради наглиот скок на цената на кристалниот шеќер во поголеми пакувања, имајќи предвид дека е ограничена само цената на пакувањето од еден килограм. Поради големата разлика во цената, зголемена е побарувачката за пакувања од еден килограм и често ја нема во малопродажните места.

Со уредбата се предвидува трговците на големо да мора да дистрибуираат кристален шеќер до трговците во рок од 15 дена, се наведува во соопштенеито од владата.

Владата на Србија донесе одлука и за привремена забрана за извоз на дрвни сортименти од суштинско значење за Република Србија.

Поради зголемениот извоз во претходните години и зголемената побарувачка за овој вид гориво на светскиот пазар, недостигот од овие асортимани најмногу ги погоди производителите на пелети и огревно дрво. Привремената забрана за извоз е ограничена на 60 дена.

Членовите на Владата донесоа одлука со која до 30 јуни годинава го продолжуваат привременото намалување на акцизите за оловниот бензин, безоловен бензин и гасните масла., се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ од Брисел: Беше тежок ден за…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говореше од…

Борел: Нема договор меѓу Вучиќ и Курти…

Борел ги претстави деталите од средбата: Денеска…

Повредените деца од српскиот автобус во Бугарија…

Потешко повредените деца од сообраќајната несреќа на…

Драма на небото: Српски авион принудно слета…

Авионот на компанијата Ер Србија, Ербас 319,…

Вучиќ: Немам многу очекувања за состанокот во…

Никому не се закануваме, ништо не се…