Средба на претседателот Пендаровски со надбискупот Пол Ричард Галагер

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими надбискупот Пол Ричард Галагер, ватиканскиот секретар за односи со државите.

Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот, на средбата биле разменети мислења за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Светиот Престол, кои ги поврзуваат длабоки историски врски и меѓусебно разбирање. Исто така, изразено е задоволство од зголемената динамика на средби и посети на високо ниво.


На средбата, како што посочуваат, се разговараше и за тековните иницијативи во насока на унапредување на меѓусебната соработка.

Претседателот Пендаровски истакнал дека католичката заедница во Северна Македонија, иако мала по бројност, е високо почитувана и е важен дел од македонското мултикултурно и мултиконфесионално општество.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Бугарија има со што да “се…

ФБИ нуди награда од 100.000 долари за…

Тешка сообраќајна несреќа во Чаир: Повреден е…

Вчера во 06.40 часот во СВР Скопје…

ЦУК информира: Еве на кои планини нема…

Низ парк шумата Водно или низ нашите…

Брнабиќ: Приштина продолжува да се изживува со…

Премиерката Ана Брнабиќ рече дека последните одлуки…

ЕУ и НАТО ја поддржуваат одлуката на…

На позадината на хистеричната ситуација, подгреана од…