Средба НБРМ – Стопанска комора на Македонија: Колку мерките на НБРМ ја стабилизираа економијата?

t

Мерките и политиките коишто ги спроведе Народната банка за време на пандемијата придонесоа за ублажување на ударот врз економијата, а потоа помогнаа и во процесот на закрепнување. Регулаторната флексибилност за време на пандемијата придонесе за солидна кредитна поддршка по значително намалени каматни стапки, што им помогна на фирмите во премостувањето на предизвиците со ликвидноста.


Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

На работниот состанок се разговараше околу тековните предизвици со коишто се соочуваат македонските компании. Беше истакната високата поврзаност на домашната економија со Европската Унија, како наш најголем трговски партнер. Продолжената пандемија влијаше врз ликвидноста на економските субјекти во ЕУ, што постепено започна да се чувствува и кај македонските фирми коишто ги пласираат своите производи на европските пазари, а особено на германскиот. Исто така, постпандемиското закрепнување на европската економија позитивно влијае врз остварувањата и на домашната економија, беше истакнато од Стопанската комора. Сепак беше истакнато дека непредвидливоста е голема, особено имајќи ја предвид енергетската криза и геополитичките тензии.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на последните макроекономски остварувања, коишто упатуваат на раст на домашната економија согласно со макроекономските проекции но и присутни ризици. Во однос на ценовните движења беше посочено дека засега нагорното придвижување на инфлацијата се должи главно на фактори поврзани со растот на цените на енергенсите и храната на меѓународните финансиски пазари. Во такви околности, засега монетарната политика е олабавена, за да се овозможи соодветна финансиска поддршка на економскиот раст. Сепак, Народната банка со внимание ги следи движењата и кај домашните фактори, на редовна основа ја преиспитува поставеноста на монетарната политика и е подготвена за соодветна реакција.

На работниот состанок беше разговарано и за продлабочувањето на соработката помеѓу Народната банка и Стопанската комора, преку поредовно меѓусебно информирање за макроекономските движења, како и за согледувањата на приватниот сектор за економските услови во земјата и во меѓународното окружување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СПЦ ја одобри и благослови, а Фанар…

Позитивни сигнали пристигнаа од Цариград и од…

Засилени контроли: Само вчера, 144 казни во…

Министерството за внатрешни работи во текот на…

Сефте победа на македонските одбојкари за убедлив…

Во својот прв настап одбојкарската репрезентација на…

Дендиас најави нова инвестиција: Грчка компанија ќе…

Економската размена помеѓу Македонија и Грција во…