Средба Османи-Чавушоглу во Њујорк: Разговарано за актуелната ситуација во Украина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на маргините на 77. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк се сретна со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.
На средбата, како што информира МНР, се разговарало за актуелната ситуација предизвикана од руската инвазија во Украина, безбедносниот аспект и последиците за европските земји, како и напорите што Македонија и Турција ги преземаат со цел справување со кризата.
– Поздравен е ангажманот и посредството на Анкара и Обединетите Нации во постигнатиот договор со кој се овозможува извоз на украинското жито до светските пазари, блокирано од самиот почеток на руската агресија, се наведува во соопштението од МНР.
Посебен осврт е направен на регионалната соработка и предизвиците, како и на евро-атлантската перспектива на земјите од регионот и во таа насока и на наредните ангажмани на Македонија во процесот на пристапните преговори и скринингот.
Разменети биле мислења и за билатералните односи, политичкиот и економски дијалог, во светло на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.
На средбата станало збор и за претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 година, при што турскиот министер за надворешни работи бил запознаен со приоритетите и со досега преземените активности и подготовки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…
„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…
Дендиас и Чавушоглу со неформален разговор го…
Грчките и турските министри го „кршат мразот“…
Османи: Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ
Доколку се има политичка волја, има доволна…
Чавушоглу: Украинскиот извоз по морскиот коридор е…
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу…
Османи утре во официјална посета на Република…
Министерот за надворешни работи на Република С.…