Српските цариници спречија влез на 73.000 евра непријавени пари во Македонија

Српските цариници на граничниот премин Прешево-Табановце пронашла купчиња со евра во рачен фрижидер на патник кој се обидувал да влезе во Македонија, јавија тамошните медиуми.
Според цариниците, патникот пријавил само 10.000 евра, колку што е законскиот максимум за внесување пари во готово преку граничен премин. Но, неговиот автомобил бил издвоен за проверка, а во фрижидерчето во багажникот на неговото „БМВ“ со австриски таблички, цариниците ја пронашле многу поголемата сума.
-Патникот, чија крајна дестинација била Грција, се обидел нелегално да пренесе 73.100 евра, соопшти тамошната Царинска управа.
Мал дел од непријавените евра биле пронајдени во преградата на чантата за лаптоп, која исто така била во багажникот на автомобилот, додава српската Царинската управа.
На лицето веднаш му биле вратени 10.000 евра, додека за преостанатиот износ ќе одлучува надлежниот суд во прекршочната постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропаѓањето на американски банки нема да влијае…
Само 6,6 отсто од вкупните обврските на…
(Видео) Израелски историчар од Скопје: Сра*е е…
Несомнено е дека за депортацијата на македонските…
Слаб земјотрес во југоисточниот дел на Македонија
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје…
Тажно: Најмладиот пациент кој оди на дијализа…
Најмладиот пациент во Македонија што оди на…
Никогаш да не се заборави: Се одбележуваат…
Од денеска до недела ќе се одбележуваат…