Објавено на:

Српски виролози: Европрајд е потенцијална епидемиолошка бомба за мајмунски сипаници!

t

Предупредување од српски виролози: Европрајд е потенцијална епидемиолошка бомба

Вирологот Миланко Шеклер посочува дека СЗО во Србија треба да го каже својот став за ризиците од одржувањето на Европрајд во Белград поради мајмуни сипаници, болест која доминантно се шири сексуално меѓу мажите.

Епидемиологот Зоран Радовановиќ предупредува дека одржувањето на овој настан во овие околности е потенцијална епидемиолошка бомба.

Оваа болест може да се пренесе и преку кревети, чаршафи, ќебиња и постелнина, што значи дека се создава одреден ризик за персоналот кој ќе работи во хотелите“, вели Шеклер.

Како дополнителен ризик наведе дека хотелските перални се наоѓаат во подрум.

„Што ако цела недела, десет дена некој ја смени постелнината и ја стави во таа перална и што ако таму се заразат домашни стаорци“, праша Шеклер.

Тој праша и „дали е нормално“ на ваков начин да се организираат голем број луѓе и да им се создава ризик.

„Не би сакал Белград да биде запаметен како град кој предизвика ескалација на случаите на мајмунски сипаници и целата експлозија во Европа“, вели Шеклер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мојсоска: Како МВР е надлежно за поткровје…

Како МВР е надлежно да поднесува кривична…

Три градови во БиХ урнаа рекорди –…

Босна и Херцеговина денес беше погодена од…

Рама: Планот за азил во трети земји…

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикува политиката…

Претепан и ограбен малолетник во Струга

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(39),…

Израел тврди дека врховниот лидер на Иран…

Израел ќе го убиеше врховниот лидер на…