Српски министер тргнал на свадба во Скопје и заглавил на граница: Затоа ни треба Отворен балкан!

Српскиот министер за градежништво Томислав Момировиќ синоќа сакал да дојде на венчавка кај колегата Благој Бочварски, но на граница чекал повеќе од еден час. За него тоа е неприфатливо и вели дека затоа е потребен Отворен Балкан.
„Тргнав во Скопје, на венчавката кај мојот пријател и колега Благој Бочварски. На граница чекав подолг од еден час. Тоа е неприфатливо. Потребен ни е Отворен Балкан“, напиша Момировиќ на Твитер.
Министерот за земјоделство Љупчо Николовски му го честита бракот на својот колега министерот Благој Бочварски и објави фотографија на која се наоѓаат тој, неговата сопруга, заедно со министерот Бочварски и сопругата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хорор во тетовско: 69-годишен жител на Мала…
Вчера попладне 69-годишен жител на тетовското село…
Захарова: Загрижениот Запад им праќа на украинските…
Малку е веројатно дека на Запад се…
Над 3.000 странски работници веќе се во…
„Квотата од 5000 странски работници е пополнета…
Стана 100 евра поскапо да се добие…
Таксата за добивање адреса во Ќустендил за…
МОН одобриле нови учебници за средно образование,…
Во 2022 година Педагошката служба одобри стотина…