ССМ ќе бара оставка од сите пратенци кои нема да гласаат за зголемување на платите во јавниот сектор

t

Јавно ќе бараме оставка од тие пратеници кои што ќе дигнат рака за „не“ на работниците во Комисијата за финансирање и буџет. Работникот денеска очекува да го изгласате амандманот за линеарно покачување на платите од 2806 денари. Доколку не се случи тоа јавно со име и презиме ќе ги објавиме имињата на сите пратеници, изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски од пред Собранието.

-Апелирам до Собранието без проблеми да му помогнеме на работникот и да го изгласаме амандманот поднесен од Сојузот на синдикати на Македонија. Ние продолжуваме со штрајкот. Ние денес бараме пари за леб, за плаќање на сметки и за издржување на семејствата. Секој ден ќе излегуваме со работниците на улица рамо до рамо, појасни Димовски за штрајкот во јавниот сектор.

-Преговораме со 5 општини и 12 комунални претпријатија за линеарно зголемување на платите, додаде Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…

ВМРО-ДПМНЕ работи на поткопување на синдикалната борба…

Левица апелира за обид на ВМРО-ДПМНЕ да…

(Видео) Родителите со порака до пратениците: Голема…

Родителите на загинатите во трагедијата во Кочани,…

Лимани: Најмалку четири пратеници од Европскиот фронт…

Министерот за социјална политика и член на…

(Видео) Сакате евтина работна сила за да…

Лесно е со 160.000 месечна плата да…