ССМ ѝ вратија на Тренчевска: Социјален дијалог со “ќе” и манипулации нема!

t

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во соопштение до медиумите, ја прашува минисерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска согласно нејзината изјава и ново ветување, за кои работници во јавниот сектор ќе има К-15 и дали тоа е за целиот јавен сектор, односно за 138 000 работници.

Од ССМ, нагласуваат дека социјален дијалог со „ќе“ и манипулации нема.

„Поточно каде е утвредено тоа право во кој Колективен договор или Закон или и тоа е нова манипулација на 138 000 работници со „ќе” или само за 15 000 работници во јавен сектор кои се под Гранскиот колективен договор на Синдикатот на УПОЗ при ССМ и тоа право им е загарантирано во колективниот договор, па под присила на тужби кон државата имате и обврска да ги предвидите како средства. Но, за жал ниту тие не се предвидени во ребалансот, туку дополнително ќе бидат предвидени според изјавата на министерот Фатми Бесими“, се вели во соопштението од ССМ.

Од ССМ, исто така реагираат, дека додека методологијата уште ја чекаат работниците, ценовните шокови по продавниците и новата цена на струјата не чекаат.

„ССМ преку Општиот колективен договор за јавен сектор испорача јасни барања на кои Вие како Влада, иако јавно ветивте пред работниците, сега се глуми дека тоа не е така, а тоа се: – линерно солидарно за 2806 денари усогласување на платите колку што порасна минималната плата и регрес К-15 за сите работници во јавниот сектор (кои го немаат тоа право)“, се вели во соопштението од ССМ.

ССМ, во соопштението, исто така, посочува дека работниците нема да заборават кој беше со нив кога им беше најтешко.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димовски ја попари Владата: Гарантирам дека инфлацијата…

Како Сојуз на синдикати на Македонија првин…

Претседателот на ССМ: На први мај бевме…

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија…

Едвај се крпи крај со крај, две…

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) информира…

ССМ: Работодавачите имаат голем профит, веднаш да…

Сојузот на синдикати на Македонија бара Владата…

ССМ: За минимум нормален живот на едно…

Владата да донесе одлука за зголемување на…