Стејт департмент: Има извештаи за корумпирани функционери во македонската Влада

Сите земји од Западен Балкан сè уште имаат проблеми со корупцијата, која е пречка за директните странски инвестиции, се вели во извештајот за Инвестициската клима објавен од Стејт департментот.
Владата на Македонија генерално ги спроведува законите, но има бројни извештаи за корумпирани функционери, анализираат оттаму.
„Додека инвестициската клима во Македонија е генерално атрактивна и правната рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди, корупцијата е голем предизвик во оваа земја“, според Стејт департментот.
„Големите странски компании кои работат во Македонија генерално известуваат за позитивни инвестициски искуства и имаат добри односи со државата.
Сепак, сложената севкупна клима во земјата и честите регулаторни и законски промени, заедно со неконзистентно толкување на правилата, создаваат непредвидливо деловно опкружување, склоно кон корупција.
Владата генерално ги спроведува законите, но има бројни извештаи дека некои функционери и понатаму се корумпирани.
Направени се и напори за привлекување нови инвестиции во услови на ублажување на ефектите од енергетската криза и инфлацијата“, пишува во извештајот.
„Државната комисија за спречување на корупција отвори неколку истраги поврзани со корупција, вклучително и неколку со високи функционери, а вицепремиерот за добро владеење се фокусираше на структурни и процедурални промени за намалување на можностите за корупција“, велат од Стејт Департментот во извештајот за земјава.
Што се однесува до другите земји од Западен Балкан, според извештајот, во последните години, инвестициската клима во Србија е „скромно“ подобрена, иако, како што се наведува, загрижува големото политичко влијание врз економијата.
Корупцијата во Црна Гора е најраспространета во секторот за јавни набавки, додека сложените институционални, политички и територијални структури на Босна и Херцеговина (БиХ) ја комплицираат економската клима во земјата и ги одвраќаат странските инвеститори.
Политичкото влијание и слабото владеење на правото,пак, се пречка за директните странски инвестиции во Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…
Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…
(Видео) ЛИДЕРСКА СРЕДБА ВО ПОНЕДЕЛНИК! Ова се…
Уставни измени, претседателски и парламентари избори и…
Ќе падне Владата на Шолц? Се бараат…
Лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зодер,…
Илјадници протестираа законот за амнестија на каталонските…
Договорот за амнестија го склучи Социјалистичката партија…
Лидерот на опозицијата во Израел му порача…
Премиерот мора да биде заменет со стабилна…