Стигна наградата за предавството? Емлија Александрова е нов регионален началник на АНБ?

t

Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, која подоцна стана независен пратеник во македонското Собрание, Емилија Александрова  стана регионален началник за АНБ на Берово и Делчево.

Според нашите информации, тоj регион ги опфаќа и градовите Пехчево и Македонска Каменица.


„Фокус“ стапи во контакт со екс пратеничката, која ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата дека е вработена во АНБ, туку за одговори на ова прашање не упати да се обратиме до актуелниот директор.

„Јас не можам да ви дадам никакви податоци, за тоа може да каже само директорот на Агенцијата“, истакна Александрова.

Се обидовме да стапиме во контакт и со директорот на АНБ, Виктор Димовски, но се уште не добивме повратни одговори.

Александрова во македонскиот Парламент влезе како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година, додека само две години подоцна, поточно во 2018 година таа со уште седум сопартијци гласаа за уставните измени, со кои се смени името на државата во Северна Република Македонија.

Уште истата вечер, после гласањето екс пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ беше исклучена од партијата заедно со нејзините колеги, Крсто МукоскиЕлизабета Канческа- МилевскаНола Исмајловска…, кои подоцна се одделија како независна пратеничка група.

Александрова во јавноста уште е позната и како роднина на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, кој десет години управуваше со УБК.

Во 2019 година УБК замина во историјата, а тогаш официјално беше и првиот работен ден на Агенцијата за национална безбедност, која е најважна институција за државна безбедност.

Извор: Фокус.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стигна наградата за предавството? Емлија Александрова е…

Поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, која подоцна стана…

Филипче се правда: Не барал шофер и…

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче ќе…

Во македонската тајна служба ќе се вработуваат…

Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ)…

Македонската тајна служба се чека да испита…

Премиерот Димитар Ковачевски уверува дека Агенцијата за…

(Видео)Б’лгарчета граѓани од прв ред, Македонците протерани…

Македонската полиција одлучи со демонстрација на сила…