Стигна наградата: Копретседавачот со мешовитата комисија за историски прашања Драги Ѓоргиев е нов член на МАНУ

t

Македонската академија на науките и уметностите на 20. Изборно собрание што се одржа денеска за редовни членови ги избра Марјан Марковиќ во Одделението за лингвистика и литературна наука, Драги Ѓоргиев во Одделението за општествени науки,  Александар Димовски, Сашко Кедев и проф. д-р Димитар Ефремов во Одделението за медицински науки.

За дописни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Веселинка Лаброска и проф. д-р Лилјана Макаријоска во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Сашо Цветковски во Одделението за општествени науки, проф. д-р Дијана Плашеска-Каранфилска во Одделението за медицински науки,  проф. д-р Зоран Хаџи-Велков во Одделението за технички науки, проф. д-р Валентин Мирчески во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Венко Андоновски во во Одделението за уметност.

За членови надвор од работниот состав на Академијата се избрани проф. д-р Татјана Вендина во Одделението за лингвистика и литературна наука, проф. д-р Жозеф Глигоров во Одделението за медицински науки, проф. д-р Наташа Јоновска и проф. д-р Панче Наумов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска е Ден на Македонската академија на…

Во Македонската академија на науките и уметностите…

Коцарев: “МАНУ е пред портите” – Како…

Насловот на денешниов текст е позајмен од…

“Македонски манифест” со барање до Коцарев и…

Здружението Македонски манифест испрати отворено писмо до…

Беџети кон Коцарев: МАНУ е структуирана институција,…

МАНУ е структуирана организација не е ловечко…

Реакција од албански професори: Паралелна албанска “Академија”…

Во јавноста е малку познато дека незадоволни…