Стоилковиќ револтиран: Дали се луди овие од Обвинителство дека возачот на цитроенот возел со 67,3км/ч?

t

Новинарот Борислав Стоилковиќ на социјалните мрежи реагираше за изјавата на Обвинителството во врска со трагичната сообраќајна несреќа пред Сити мол во која загина една девојка, а беше повредено уште едно лице.

Според обвинителството, возачот кој ја предизвика несреќата возел со 67,3км/ч, но изгледот на возилото, и последиците што ги предизвикуваат сомнеж во овие податоци.

Стоилковиќ порача дека со вакво обвинителство, народот со сила се турка да ја преземе правдата во свои раце.

„ДАЛИ СЕ ЛУДИ ОВИЕ ОД ОБВИНИТЕЛСТВО, ДЕКА ВОЗАЧОТ НА ЦИТРОЕНОТ ВОЗЕЛ СО 67,3 КМ НА СААТ?
ОД КАРТОН ДА Е ХАУБАТА ПА НЕМА ДА СЕ СВИТКА ТОЛКУ, АКО ВОЗЕЛ СО САМО 67,3 КМ НА СААТ, ВО БЕТОНСКА БАНДЕРА ДА УДРИЛ СО ТАА БРЗИНА НЕ БИ СЕ ИСКРИВИЛА ТОЛКУ ХАУБАТА.
Од друга страна од ударот до местото каде што застанал има повеќе од 30 метри, во еден наврат мене лично ми броеа дека еден метар кочница, е брзина од 5 км на саат, што значи дека само според далечината од ударот до запирањето на возилото, брзината би била повеќе ос 150 км на саат.
Но и неможе дриго да се очекува од вакво КЕШ ОБВИНИТЕЛСТВО, СО ОГЛЕД ДЕКА ЦИТРОЕНОТ КОШТА КОЛКУ МЕНЕ ШТО МИ КОШТА ПОЛА КУЌА.
СРАМОТА.
Ми се чини дека, ова е веќе, повеќе од очигледно дека ОБВИНИТЕЛСТВОТО со сила го бутка народот да ја земе правдата во свои раце“, реагира Стоилковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јужниот дел од Мексико погоден од ураганот…

Агата, најсилниот ураган во историјата, што во…

Телевизија „Алфа“ може слободно да работи –…

Обвинителството за гонење на организиран криминал и…

Експлозија во Филаделфија: Најмалку 4 лица загинаа…

Најмалку четири лица загинаа по експлозија во…

Правосудство и обвинителство ќе земаат повисоки плати:…

Владата денеска ги прифати и измените и…