Стоилковски: Талат Џафери пцуе, навредува, се заканува во Собранието, сето тоа јавноста го слуша, а институциите молчат!

t

Талат Џафери пцуе, навредува, се заканува со сексуална конотација кон вработени во Собранието, сето тоа јавноста го слуша, а институциите молчат!, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Пионот Димитар Ковачевски се изјасни за наглув кон примитивизмот и насилството коешто го трпат вработените во Собранието од Талат Џафери!

Институциите молчат, а молчи и Стево Пендаровски, чиј што заменик, во негово отсуство е токму Талат Џафери!

Молчат и пратениците од крими – коалицијата, молчат и од клубот на жени – пратенички, молчат сите, заглавени во заложништвото за да не им се растури крими – коалицијата ДУИ/СДСМ.

Почитувани,

Ова е скандал којшто не смее да помине тукутака само и само за одржување на крими – коалицијата на власт!

Молкот од институциите значат одобрување на примитивизмот на Талат Џафери! Снимката во којашто Талат Џафери од позиција претседател на Собранието најпростачки се однесува кон вработените, ја дава вистинската слика, го покажува модусот на однесување и на владеење на крими – коалицијата.

Молкот од институциите, одобрувањето, премолчувањето на примитивизмот значи одобрување иста ваков однос, такво самоволие и простотилок вон сите пишани и непишани норми, од сите оние партиски поставени функционери низ институциите во Македонија.

Снимката од Собранието во коешто Талат Џафери се заканува со сексуално општење со членови на семејствата на вработени во Собранието го дава вистинското лице како се кршат човековите права, како се задушуваат протести, како се задушуваат штрајкови во Македонија од крими – коалицијата ДУИ/СДСМ. Молкот од институциите, недоветноста на Димитар Ковачевски, молкот од Стево Пендаровски, ја даваат вистинската слика што трпат и трпеа оние воспитувачки во градинките, наставниците, и професорите во основните и средните училишта, што трпат оние вработени во Пошти, во Управата за матични книги, воздухопловство, земјоделците при откупот на нивните производи по смешни цени. Сите оние што јавно но законски изразуваат револт кон крими – коалицијата СДСМ/ДУИ.

Молкот значи одобрување на примитивизмот на Талат Џафери и јавно воведување на начин за водење на институциите на државата од крими – коалицијата ДУИ/СДСМ.

Почитувани,

Талат Џафери додека тече телевизиски пренос во живо на Собранискиот канал, на најпростачки начин, со зборови коишто се недостојни и не можам јавно да ги повторам, зборови полни со закани, уцени и омаловажувања се обраќа кон вработени во Собранието. Талат Џафери повеќе не смее да раководи со највисокиот орган на демократијата во Македонија. Џафери е недостоен да претставува било кого од граѓаните во Македонија. Доколку Талат Џафери сам не се повлече и не си поднесе оставка, пратениците мора да повикаат на испитување на неговата деловна способност за функцијата претседател на Собранието, но и за пратеничката функција.

Македонија не смее да биде заложник на личните кризи на Талат Џафери!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добро утро со Инфомакс: По патот на…

Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…

Добро утро со Инфомакс: Еден чоек шчо…

На денешен ден, 18 јануари 1830 година…

Нема поголеми задржувања на граничните премини низ…

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Шоле во “проверка” на Западен Балкан: Најпрво…

Високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле…

Добро утро со Инфомакс: Во шумата јас…

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот е македонски  револуционер,…