Стоилов објави крај на репрезентативната кариера: Ми беше голема чест да ги бранам боите на Македонија

t

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по натпреварот со Чешка, објави крај на репрезентативната кариера.

На прес-конференцијата по одржаниот натпревар, капитенот на македонската селекција истакна дека му било чест 15 години да го носи дресот на Македонија.

-Ми беше голема чест и привилегија е да ги бранам боите на Македонија. Ви благодарам на сите за големата поддршка низ годините од срце. Македонија оди на светско, се огласи Стоилов и на Фејсбук.

Како што нагласи Стоилов, чувствува дека телото не може повеќе да ги издржи напорите што е причина за репрезентативната пензија.

Македонија со победата над Чешка се пласираше на Светското ракометно првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пролет и Еурофарм Пелистер без проблеми, Алкалоид…

Екипите на Пролет и Еурофарм Пелистер први…

Начевски и Николов ќе го судат финалето…

Македонија ќе биде дел од финалето на…

Кузмановски не е разочаран: Ништо не е…

Во таборот на македонската ракометна репрезентација се…

Најава за СПЕКТАКЛ: Последен заеднички меч на…

Во пресрет на новото машко Светско првенство…

Трагедија: Српска ракометарка почина во тешка сообраќајна…

Во тешка сообраќајна несреќа којашто се случи…