Објавено на:

Столтенберг: Војната во Украина може да трае со години

t

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека војната во Украина може да продолжи со години и дека украинските сили се соочуваат со поинтензивни руски напади откако Европската комисија препорача Киев да добие кандидатски статус за ЕУ.

Столтенберг во интервју за германскиот „Билд ам Зонтаг“ рече дека снабдувањето со високотехнолошко оружје за украинските сили ќе ги зголеми шансите за ослободување на Донбас од руската контрола. „Треба да се подготвиме за фактот дека ова може да потрае со години. Не смееме да ја ослабеме поддршката за Украина. Дури и ако цената е висока, не само за воената поддршка, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната“, рече Столтенберг.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој го посети Киев во петокот, даде слични коментари за Сандеј Тајмс за неопходноста за подготовка за долга војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската армија обвинува: Украинците претвораат цивилни објекти…

Руска армија: Украинските нацистички баталјони ги претвораат…

Русија достави 507 тони хуманитарна помош во…

Пет хуманитарни акции беа спроведени од страна…

Путин ги пофали младите Руси за активната…

Младите во Русија се трудат да го…

САД праќаат нова тура воена помош во…

САД се подготвени да и дадат на…

Москва: САД се на работ да станат…

Постојаната поддршка на Вашингтон за Киев за…