Објавено на:

Столтенберг го поддржа Ердоган: Загриженоста за Финска и Шведска е легитимна

t

Загриженоста за безбедноста што ја искажа Турција во нејзиното противење за барањата за членство на Финска и Шведска во НАТО е легитимна, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за време на посетата на Финска.

– Тоа се легитимни грижи. Се работи за тероризам, се работи за извоз на оружје, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во неговата летна резиденција во Нантали.

Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина но се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека ги поддржуваат и засолнуваат курдските милитанти и другите групи кои Анкара ги смета за терористи.

Столтенберг рече дека Турција е клучен сојузник за Алијансата поради нејзината стратешка локација на Црното Море меѓу Европа и Блискиот Исток и ја наведе поддршката што и ја пружила на Украина откако Русија го нападна својот сосед на 24 февруари.

Според него, важно е да се забележи дека ниту еден друг сојузник на НАТО не претрпел повеќе терористички напади од Турција, и затоа нејзината загриженост мора да се сфати сериозно.

Столтенберг додаде дека самитот на Алијансата во Мадрид никогаш не бил краен рок за одобрување на кандидатурите на Шведска и Финска за влез во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон ги потпиша протоколите за влез на…

Францускиот претседател Емануел Макрон ги потпиша протоколите…

Додик: Босна и Херцеговина не побара посебни…

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска…

НАТО развива посебен план за Босна и…

НАТО го информираше Министерството за надворешни работи…

Иранските власти уапсија Швеѓанец обвинет за шпионажа

Иранското Министерство за разузнавање во саботата соопшти…

Повеќе од половина од Србите се против…

Повеќе од половина од српските граѓани кои…