Објавено на:

Столтенберг: Грчките борбени авиони помагаат да се одржи безбедноста на Македонија, Албанија и Црна Гора

t

Ги поттикнуваме Грција и Турција да ги решат нивните разлики во Егејското море во духот на довербата и сојузничка солидарност. Тоа значи самовоздржаност, умереност и воздржување од каква било акција или реторика што може да ја ескалира ситуацијата, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА, додавајќи дека во време на војна, уште поважно е сојузниците да бидат обединети, јави дописничката на МИА од Атина.

Посочува дека НАТО е алијанса на 30 земји со различна географија, историја и политички парти и „не треба да нè изненадува  фактот што понекогаш постојат силни несогласувања меѓу земјите, но, различните ставови и дискусии се суштински дел од демократиите“.

Додава дека во минатото имало несреќи со грчките и турските сили и „мора да направиме сè што можеме за да помогнеме да се намали ризикот од такви несреќи во иднина“.

За улогата на Грција во НАТО, Столтенберг вели дека е „силен и драгоцен сојузник“, стратешки се наоѓа на Балканскиот Полуостров, на крстопат меѓу Европа, Азија и Африка и „придонесува за нашата заедничка безбедност на многу различни начини“.

-Грчките војници играат важна улога во мисиите на НАТО, вклучително и во Косово и во Ирак. Покрај тоа, Грција има вреден придонес во нашите поморски мисии, вклучувајќи го и нашиот развој во Егејското Море, помагајќи да се намали нелегалната трговијата со луѓе во Европа. Во воздух, грчките борбени авиони помагаат да се одржи безбедно небото над Црна Гора,  Македонија и Албанија. Грција исто така е пример и во однос на одбранбените трошоци, исполнувајќи ја целта од 2 отсто од БДП и инвестирајќи во значителни нови можности, вклучително и авиони од петта генерација, вели Столтенберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…

Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…

Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…