Столтенберг: Поддршката од НАТО за Украина не е само на зборови

Сојузниците ја поздравија континуираната борба на Украина против корупцијата, дури и во услови на бруталната војна на Русија. Исто така, јасно ставивме до знаење дека НАТО ќе ја засили поддршката за да и помогне на Украина да преброди уште една тешка зима. Ова вклучува обезбедување повеќе облека за студено време, можности за деминирање, гориво и медицинска опрема. Ова ќе им помогне на храбрите украински сили да се борат на студот и да продолжат да притискаат, вели Столтенберг
Повеќе од 50 земји, вклучително и сите сојузници на НАТО, се фокусираат на обезбедување на најнеопходните потреби на Украина, во услови кога Русија ги засилува нападите врз украинската инфраструктура и повторно се подготвува да ја искористи зимата како оружје, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на вечерашната прес-конференција на крајот од првиот ден на состанокот на министрите за одбрана на членките на Алијансата во Брисел.
„Затоа, уште поважно е да ја засилиме и да ја одржиме нашата поддршка за Украина“,
рече Столтенберг.
Тој информира дека Белгија и Данска ги потврдиле своите планови за испорака на авиони „Ф-16“ на Украина, Канада ќе донира зимска облека и опрема во вредност од десетици милиони долари, Германија објавила пакет помош од една милијарда евра, со фокус на противвоздушните системи „Патриот“ и „ИРИС-Т“, Велика Британија ќе издвои над 100 милиони евра за зајакнување на противвоздушна одбрана, како и опрема за деминирање, а САД ќе обезбедат повеќе од 200 милиони долари артилерија и проектили.
Столтенберг потсети дека една од, како што вели, историските одлуки на јулскиот Самит на Алијансата во Вилнус беше таа за „приближување на Украина до НАТО“.
„Ја доведовме Украина на еден чекор до Алијансата, со отстранување на барањето за Акциски план за членство и договоривме програма за да ги направиме вооружените сили на Украина целосно интероперабилни со нејзините идни сојузници во НАТО. Денеска на Советот НАТО-Украина разговаравме за приоритетите на Украина на нејзиниот пат кон членство во НАТО, вклучувајќи и долгорочна интероперабилност и набавки за одбрана“,
додаде Столтенберг, пренесува МИА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неделна колумна на Оливер Андонов
Не во ЕУ Кога Мицкоски велеше НЕ…
Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…
Јокиќ жестоко ги искара соиграчите, па одржа…
Кошаркарите на Денвер нагетс ја декласираа екипата…
Интер лесно се справи со Каљари, Лаутаро…
Фудбалерите на Интер ја оправдаа фаворитската улога…
Возило на МВР имало сообраќајна незгода, три…
Денеска (29.12) во 05:55 во СВР Скопје…