Столтенберг: Русија сакаше помалку НАТО во Европа, го доби спротивното!

Со очекуваниот близок пристап на Финска во НАТО, должината на границата меѓу Алијансата и Русија е двојно зголемена. Ова денеска го истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на средбата со финските министри за одбрана и за надворешни работи во седиштето на алијансата во Брисел.
Со војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин имаше за цел помалку НАТО во Европа и го постигна спротивното, додаде тој. Шведска и Финска веќе учествуваат на состаноците на НАТО, незамисливо е која било земја да биде нападната без интервенирање на пактот, рече Столтенберг.
Тој посочи дека најважно е Шведска и Финска, кои минатата година истовремено побараа да се приклучат на алијансата, што поскоро да станат дел од пактот. Пристапувањето на Шведска во блиска иднина останува водечка задача, додаде Столтенберг.
Генералниот секретар ги поздрави одлуките на Турција и Унгарија да го ратификуваат пристапот на Финска во НАТО. Тој изрази надеж дека тоа ќе се случи што е можно поскоро, пренесе БТА
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто изрази надеж дека неговата земја и Шведска, која сè уште има отворени прашања со Турција, ќе бидат примени во НАТО пред состанокот на пактот во Вилнус во јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…
(Видео) НАТО во кое Македонија членува ни…
НАТО во кое Македонија членува не го…
Да не се повтори: На денешен ден…
На денешен ден пред 24 години почнаа…
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…