Стојанче Ангелов: Го оправдувам револтот на Ламбе

t

Бугарскиот клуб „Ванчо Михаилов“ беше отворен за да биде запален и искршен, вели директорот на ЦУК и претседател на „Достоинство“, Стојанче Ангелов.

„Изборот на контроверзна личност од старт е провокација. Ламбе како млад човек од негови познати причини го запалил. Името „Ванчо Михаилов“ е дел од нашата историја и еден од претседателите на ВМРО. Тој е претходник на Љубчо Георгиевски, ако ги броиме конгресите на ВМРО-ДПМНЕ. Колку и да е контроверзен, тој е дел од нашата историја, вели Ангелов во емисијата „Само вистина“.

Според него, ако не беше пејачот Ламбе Алабаковски, некој друг ќе наседнеше на провокацијата.

-Штетата ќе беше поголема доколку не се дозволеше отворање на клубот под вакво име. Сега вината е индивидуална. Не би требало Алабаковски да постапи така. Го оправдувам неговиот револт, но не и начинот на кој реагирал. Ние сме држава и имаме механизми како да ги решиме овие крупни прашања, додаде Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев: Пет причини зошто не сум оптимист…

Јас не сум толку оптимиста за досегашните…

(Фото-галерија) Масовен мирен собир во Струмица во…

И струмичани вечерва на мирен собир оддадоа…

Фуркан Салиу: Од недела па сè до…

Од недела па сè до денес, многу…

(Видео) Дачиќ: Полицијата поседува акустични уреди за…

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица…

(Видео) Тивок марш во Штип за жртвите…

Вечерва во Штип се одржа собир на…