Објавено на:

Страв во САД: Северна Кореја може да изврши тестирање на нуклеарно оружје следниот месец

t

САД оценуваат дека Северна Кореја го подготвува својот полигон за нуклеарни проби Пунџи-ри и дека би можела да биде подготвена да изврши тест веќе овој месец, изјави во петокот заменик-портпаролот на Стејт департментот Џалина Портер.

Северна Кореја неодамна ги засили тестовите на оружје и го продолжи лансирањето на интерконтинентална балистичка ракета оваа година за прв пат од 2017 година, пренесува Ројтерс.

Таа нема тестирано нуклеарна бомба од 2017 година, но американските и јужнокорејските власти со недели велат дека има знаци за нова градба во Пунџи-ри, единственото познато место за нуклеарни проби во Северна Кореја, и дека Пјонгјанг наскоро би можел да тестира уште една бомба.

Пунџи-ри е официјално затворен од 2018 година, а изјавата на Портер дека земјата би можела да биде подготвена овој месец беше поконкретна за можното време на тестирање и беше прва таква изјава на американски официјален претставник.

„САД оценуваат дека КНДР го подготвува својот полигон Пунџи-ри и може да биде подготвена да спроведе тест таму веќе овој месец, што би било нивно седмо тестирање“, рече таа на редовниот брифинг.

Таа додаде дека САД ќе се надоврзат на оваа тесна координација кога претседателот Џо Бајден ќе отпатува за Јужна Кореја и Јапонија од 20 до 24 мај.

Минатата недела, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вети дека ќе го забрза развојот на нуклеарниот арсенал на неговата земја додека ја надгледува огромната воена парада, во време кога преговорите за денуклеаризација со САД остануваат во застој.

Тој рече дека основната мисија на нуклеарната сила на Северна Кореја е одвраќање, но дека нејзината употреба „никогаш не може да се ограничи само на една мисија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој “ќари” од војната? Лани била најуспешна…

Продажбата на американско оружје во странство се…

САД контра Турција: Шведска и Финска се…

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави…

По Бајден и Трамп, доверливи документи пронајдени…

Адвокатот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс открил…

САД ја предупредуваат Црна Гора да си…

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан,…

Шефот на Вагнер со отворено писмо до…

Основачот на приватната паравоена компанија „Вагнер“, Евгениј…