Судиите, обвинителите и затворската полиција ќе добијат повисоки плати по скратена постапка

t

Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе зимаат повисока плата за 15%. Со Законот за изменување на Законот за судска служба се постигнува еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Законот за изменување на законот за јавнообвинителска служба има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво.

Законот за изменување на законот за извршување на санкции овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Полицијата стана една од најтранспарентните институции…

Полицијата стана една од најтранспарентните институции, со…

Страшно: Удрил полицаец со Ауди па побегнал

Полицијата го уапсила И.Ј.(40) од Струмица затоа…

Хаос во Охрид: Бугарин уапсен пред бугарскиот…

Лице од Софија, Република Бугарија со два…

Што знае дете што е калашников: Косовската…

Косовската полиција приведе двајца малолетни Албанци во…

Полиција и денеска го чува бугарскиот клуб…

Ден по вчерашните протести против отворањето на…