Објавено на:

Судири на пратениците на инаугурациската седница на парламентот на Ирак

t

Првата седница на новиот ирачки парламент во неделата ја одбележаа жестоки кавги и конфронтации меѓу пратениците, но за претседател на парламентот сепак е избран сунитот Мохамед ал-Халбуси, три месеца по парламентарните избори на коишто победи шиитскиот челник Моктада ал-Садр.

По предвремените парламентарни избори одржани на 10-ти октомври 2021 година во Ирак завладеа силна политичка тензија со повремени вооружени судири. Постизборниот период го одбележаа нестабилност, кога приврзаниците на Хашд ал-Шаби протестираа пред ткн Зелена зона во Багдад, каде се сместени владините институции и странските дипломатски претставништва и каде на сила се најстрогите безбедносни мерки.

По изборите владее ривалството на двете големи групации на шиитското мнозинство. Шиитскиот клерик Моктада ал-Садр беше прогласен за најголем победник на изборите. Неговото движење освои речиси петтина од местата во парламентот, 73 од вкупно 329 мандат, многу повеќе од Сојузот Фатах (освојување), политички огранок на проиранската милиција Хашд ал-Шаби која освои само 17 пратенички места. Фатах претрпе голем пораз, но сѐ уште ги оспорува резултатите од изборите.

На првата седница на новиот состав на парламентот за претседател повторно е избран сунитот Мохамед ал-Халбуси. Но пред неговиот избор во пленарната сала избувнаа жестоки кавги. Седницата беше прекината повеќе од еден час, а најстариот пратеник кој ја водеше седница загуби свеста и беше пренесен во болница.

Парламентот сега има 30 денови да го избере претседателот на државата, а тој потоа ќе го именува премиерот по изборот на најголемата коалиција. Премиерот по именувањето ќе има 30 дена за формирање на владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Смее да се чепка во сè, само…

Уставниот суд денеска ја одржа 37. седница…

Турците убиле 184 терористи во Ирак и…

Турските оружени сили убиле 184 терористи во…

Македонски војници ќе учествуваат во мисии во…

Владата на Република Македонија на денешната седница…

Путин: Сите ја обвинуваат Русија ама Југославија,…

Русија до крај ќе ја исполни својата…

Откако 23 лица починаа: Поддржувачите на Муктада…

Поддржувачите на ирачкиот шиитски лидер Муктада ал…