Судијката што го осуди Стевчо Јакимовски доби награда: Единаесеттата на „ранг-листа“, сепак стана ВД претседателка на Кривичен суд

t

Со 10 гласа „за“ и два „против“, но и обвинувања од членот на Судскиот совет Тања Чачарова Илиевска дека се крши Законот за судови кој предвидува дека за вршител на должност се определува судијата кој последната година имал најмногу бодови односно е најпозитивно оценет, судијката Даниела Димовска беше избрана за вршител на должност на најголемиот Кривичен суд каде се водат најбитните предмети во државата откако досегашниот Иван Џолев беше избран за судија во Апелациониот суд.

Координаторот за овој суд Данка Ристова ја предложи Димовска повикувајќи се на деловникот на Судскиот совет кој предвидува дека за вршител на должност ќе биде избран судија кој е позитивно оценет, со оглед на тоа што, како што образложи Законот за судови и Законот за судски совет се во колизија па немаат оценка за судиите за последната година како што предвидува Законот за судови, односно член 89, бидејќи според актуелниот Закон за судски совет судиите се оценуваат на четири години.

Најпофални зборови за Димовска имаше судијката, член на Судски совет, Антоанета Димовска која и била менторка на Димовска и кажа дека таа имала толку менаџерски способности што невозможното можела да го направи возможно.

– Брзо мисли, практично се издвојува и волја за да го направи тоа – рече Димовска.

Чачарова Илиевска жестоко се спротивстави на овие ставови и според нејзе членот 89 изрично пропишува дека се бира судијата со најмногу бодови.

– Не гледам зошто тоа што сте биле и ментор, за вас е критериум за да прескокнеме десет судии во тој суд со поголем број на бодови од тој кандидат и да одиме на 11 зашто има одлични менаџерски способности – рече Илиевска која гласаше против.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Зеќири се расплака во завршните зборови на…

Во завршните зборови на судењето против поранешниот…

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…

Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…

Постапката е запрена поради сменети искази на…