Судот го конфискува партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ!

t

Пред малку Кривичниот суд донесе пресуда за случајот „Талир 2“. Со пресудата екс премиерот Никола Груевски се осудува на затворска казна од 6 години.

Поранешниот генерален секретар на партијата, Кирил Божиновски е осуден на две години условно, доколку во рок од 5 години не го повтори делот.

Судот го конфискува партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, како и имот ширум државата, а договорот за пренесување на правата на градење со АД БЕТОН се поништува во целост.

Судијката истакна дека покрај партиското седиште, се конфискува и имот на партијата распослан низ државата, односно во градовите Берово, Велес, Струмиц, Кавадарци, Кисела Вода, Охрид, Пробиштип, Лозово, Кочани, Струга, Нов Дојран, Неготино, Петровец, Богданци, Градско, Македонска Каменица, Новаци.

Овој имот беше со години замрзнат по барање на Обвинителството, односно вкупно 68 недвижнини.

–Судот донесе решенија со кои се определени привремени мерки – судска забрана за отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека и забрана за располагање со давање под закуп со прибелешка на забраната во јавна книга за 68 имоти на политичката партија ВМРО ДПМНЕ низ земјата, како и за седиштето на партијата во Скопје, а се однесуваат на имот стекнат во периодот од 2013 до крајот на 2015 година за кој постои основано сомнение дека е стекнат со противправните дејствија опишани во поднесените обвиненија и кои мерки сѐ уште се во сила, појаснуваат од СЈО.

Веќе осудените се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвен крст: Речиси 21 милион денари собрани…

Досега се собрани речиси 21 милион денари…

Владата собира донации: Досега се обезбедни 20.932.654…

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите…

Адвокатот се откажа од Палевски

Судијата Ивица Стефановски пред почетокот на денешната…

Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме…

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека…

35 години истото го правите! Едни ќе…

Од тој што ја ставил пиротехниката, до…