СУТ ја поддржува радикализацијата на синдикалните активности на гранските синдикати при КСС

t

Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија дава безрезервна поддршка на претстојните протести на гранските синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија коишто ќе започнат од 26 април (вторник).

„Доследното почитување на законите и колективните договори е предуслов за здрав социјален дијалог, кој за жал во Македонија е на многу ниско ниво од причини кои и за нас како синдикат се несфатливи. Токму поради нискиот степен на социјален дијалог, нашите братски синдикати се решија своите права да ги посочат преку јавни протести.

Сметаме дека Владата треба да ги исполни барањата на синдикатите и да го зголеми бодот на вработените во јавната администрација. Револтот станува се поголем од ден на ден и тоа не само кај вработените во јавниот, туку и приватниот сектор“ – велат од СУТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бјелогрлиќ на протестите во Белград: Тоа што…

Во 18 часот пред Собранието на Србија…

Нуклеарната централа “Запорожје” е “екстремно ранлива”

Украинската нуклеарна централа Запорожје три месеци е…

(Видео) Хрват уапсен во Панама за убиство…

На аеродромот во Панама е уапсен хрватски…

Вучиќ повика на обединување на Србите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им се…

Шоле го охрабрил Вучиќ да преземе чекори…

Специјалниот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек…