Објавено на:

Тажно: Над 4 милиони Украинци ја напуштиле земјата од почетокот на воената операција

t

Повеќе од 4 милиони Украинци ја напуштиле својата земја откако започна специјалната воена операција на Русија на 24 февруари, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации.

Новата статистика објавена на 9 април од УНХЦР покажува дека 4.441.663 Украинци ја напуштиле земјата поради војната, што е за 59.347 повеќе од претходниот ден.

ОН соопштија дека 90 отсто од оние што побегнале се жени и деца, бидејќи властите во Киев не им дозволиле на мажите на воена возраст да ја напуштат земјата.

Полска, која досега прими околу 2,56 милиони бегалци, денеска беше домаќин на донаторска конференција за да им помогне на оние што се протерани од Украина и они кои се внатрешно раселени.

Настанот го организираа невладината организација Глобал Ситизен, Европската комисија и канадската влада.

Предвидено е лично да се појави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која вчера беше во посета на Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Русија нема да застане: Ова е…

Русија нема да застане во Украина, сите…

Ништо од мирот: Украински командант најави нова…

Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…

Браво ќе ни кажат: Македонија е четврта…

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар…

Ќе ви се слоши: Светска банка пресмета…

Цената на обновата на Украина од руската…

Нов исклучок за Украина: Првпат ММФ ѝ…

Украина ќе добие финансиска поддршка (кредит) од…