Таки Фити предлага ваучери за плаќање на струја и основни прехранбени продукти

t

Академикот Таки Фити предлага таргетирани мерки, како едно од можните решенија со кои би се ублажил ценовниот удар за најсиромашното население.

Фити предлага пензионерите и лица со ниски примања да добијат ваучери за плаќање на струја и основни прехранбени производи.

-Да им се дадат на пензионери и лица со ниски примања ваучери за плаќање сметки за струја, но и ваучери за купување на основни прехранбени производи. Цената на електричната енергија во оваа криза релативно малку се намали кај нас, но има семејства кои се засегнати со енергетска сиромаштија, можеби таа листа треба да се прошири. Исто така сум за таа мерка, бидејќи цените на основните прехранбени производи прилично се зголеми – да има ваучери за најранливите групи, истакна Фити.

Академикот нагласи дека цел свет се соочува со тешка ситуација.

-Ние на еден или друг начин гасиме пожар. Постои опасност во светски размери од појава на стагфлација. Оваа година ние нема да влеземе во таков тип на рецесија, но ќе видиме за наредната година, вели Фити после завршувањето на Економскиот совет кој се одржа во Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ и денеска произведе 100% од потребната…

АД ЕСМ на 29.10.2022 година произведе 11.415…

2,8 милиони евра заштеда кај 40 фирми…

2,8 милиони евра заштеда кај 40 фирми…

АД ЕСМ и вчера целосно ги задоволи…

 АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден…

ЕСМ: Произведена струја за 100% задоволување на…

АД ЕСМ на 22.10.2022 година произведе 12.040…

Повеќе од милион и пол Украинци останаа…

Повеќе од еден и пол милион корисници…