Талевски реагира: ЈП СИЗ Жабени кое вработи 6000 луѓе е доведено до раб на стечај – Размислуваме за проширување на дејноста

t

ПРЕТПРИЈАТИЕТО КОЕ ПРЕД ДЕВЕТ ГОДИНИ ОВОЗМОЖИ РАБОТА ЗА НАД 6000 ГРАЃАНИ,ДОВЕДЕНО НА РАБ НА СТЕЧАЈ – реагира директорот на ЈП СИЗ Жабени, Владо Талевски.

Нестабилна финансиска состојба, големи долгови кои десеткратно ја надминуваат затекнатата сума на сметката на претпријатието  и ненаплатени побарувања, неможност за исплата на плати, се само дел од проблемите кои ја отсликуваат состојбата која ја затекнав со моето доаѓање за ВД Директор на ЈП СИЗ Жабени. Повеќегодишните проблеми со кои се соочува ЈП СИЗ Жабени, недомаќинското работење и несервисирањето на долговите, довеле до загрозување на ликвидноста на претпријатието.


Состојбата дополнително ја отежнуваат и судски решенија од сомнителни судски спорови, како и тужби заради неисполнети обврски кон инвеститорите во зоната.Морам да нагласам дека  постојат неплатени фактури и по неколку години.

Не е дадена Завршна сметка за претходната година, не е направен Годишен план за јавни набавки, не е направен Годишен инвестиционен план. Исто така не се објавени тендери за одржување на Пречистителната станица и каналската мрежа, иако важноста на старите договори е помината и по повеќе  од 6 месеци.

Ситуацијатаисто така значително ја усложнува и тоа што, речиси2 500 000 милиони денари се заглавени во пропаднатата банка Еуростандард, поради штофинансискатасостојба е тешка и комплексна, а ЈП СИЗ Жабени е на работ на колапс.

Политиката на претходната локална власт предводена од СДСМ и нивниот поранешен градоначалник, имаат цунами ефект за ЈП СИЗ Жабени.

Наместо да се сервисираат општинските обврски и домаќински да се управува со парите на граѓаните и имотот кој бил доделен на претпријатието, зоната е целосно запуштена. Никој не водел грижа за истекувањетоо на договорите на инвеститорите,а тие биле оставени сами на себе да се снаоѓаат како можат!

Безидејноста довела дотоа ниво, што претходното раководство се откажало од дел од зоната, отстапувајќи го на државата за формирање на ТИРЗ во зоната Жабени.

Убеден сум дека добрата деловна политика со која започнавме да работиме значително ќе ја подобри состојбата и ќе донесе резултати. За ова сакам да им се заблагодарам и на доверителите со кои најдовме компромис во изминатиот краток период и функционираме со одложено плаќање, Само со одговорна, посветена и тимска работа, ќе ги надминеме тешките моменти, кои во оваа ситуација се наш предизвик за успешно работење.

Токму затоа, во периодот кој следува ставаме приорет на повеќе аспекти со кои ќе се надмине финансиската нестабилност и тоа:

  • преземање соодветни мерки за привлекување на нови инвеститори, кои поради незаинтересираноста на претходната локална власт, досега ги немаше,
  • подобрувањенанаплататапрекукоректен и одговоренодноссонашитедолгогодишнисоработници и инвеститори
  • сведувањенаминимумнанепродуктивнитетрошоци,

Поддршката на претпријатието од градоначалникот и општинската администрација, во овој период е многу важна и истата веќе се реализира, преку подготовка од страна на општината на јавна објаваза градежни парцели во зоната, од кои на најголемиот дел, претходно склучените договори, истечени им се по повеќе години.

Претпријатието мора да продолжи да работи како главен поддржувач и поттикнувач на нови инвестиции, но и со воведување на нови форми на работа кои ќе донесат економски бенефит за општината.

Во оваа насока, заедно со членовите на Управниот одбор веќе размислуваме и за проширување на дејноста на претпријатието, што дополнително би значело можност за подобрување на лошата финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието, но и создавање нова иднина за економски развој на градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tpaгедија: Постара жена нacтpaдa во пожap во…

На 17.01.2022 околу 16.00 часот В.Р.(59) од…