Таравари постхумно ќе го одликува возачот на кочанската Брза помош кој превезуваше повредени од пожарот

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска информира дека ги имаат сите информации за повредените лица во трагедијата, но, дека не е етички да ги објават нивните имиња. За наводите дека уште еден возач на Брзата помош во Кочани добил срцев удар, министерот истакна дека засега тоа е шпекулација односно немаат таква информација на ниво на Кризен штаб.
На новинарско прашање дали е точно дека возачот на Брзата помош, Илчо Гочевски кој што почина од мозочен удар, возел 32 часа на денот на трагедијата, Таравари информира дека во вонредна состојба сите работеле повеќе од 20 часа и дека нема точно информација колку часови работел. Вели дека е неспорно тоа што го направил за пациентите и завршил огромна работа околу превозот.
-Јас како министер планирам постхумно неговото семејство да го поканам и да го одликуваме. Следната недела планирам тоа да се случи. Во вонредна состојба сите работиме и не гледаме во часовникот и во работното време, рече првиот човек во македонското здравство.
Гочевски почина откако цела ноќ ги превезувал повредените во неделата наутро по трагедијата. По напорниот и долг ден се вратил дома да се одмори, но за жал не се разбудил.
„Прерано не напушти нашиот Иле Гочевски. Пријател кој несебично секогаш го даваше својот максимум. Не знаеше да каже не“, стои во една од објавите посветени на возачот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
На Хрватска и се потребни 70 илјади…
На Хрватска годинава ќе ѝ бидат потребни…
СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…
„Скандалозно е ова што го прави власта.…
Единствено Левица била против неработење на Собранието
Координаторот на пратеничката група на Левица, пратеникот…
Чоекон умре, возејќи ги децана непрекинато 32…
Жестоки се реакциите на јавноста по повод…