Таткото на Маричиќ му порача „једи гов*а“ на новинар, вицепремиерот се извинуваше

t

Таткото на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Момир Маричиќ, преку коментар му порачал да „једи *овна“ на новинарот на „А1он“ кој упатува прашања за фамозните бифтеци за време на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Дејвид Гир.

Коментарот бил напишан завчера, а достапен бил сè до вчера попладне, кога споменатиот портал го контактирал вицепремиерот.

Целосно се оградувам од какви било навредливи пораки кои ги објавил кој било вклучувајќи го и мојот татко. Неговите коментари во никој случај не ги одразуваат моите ставови, ниту некогаш зборувал во мое име. И двајцата сме возрасни и секој одговара за своите ставови и постапки. Јас моите ставови ги изнесов јавно на прес-конференција и секогаш изнесувам ставови кон медиуми со должна почит и внимание, вели Маричиќ за „А1он“.

Од порталот вчера се обиделе да стапат во контакт и со Момир Маричиќ во врска со неговиот коментар, но безуспешно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција ги забрани сите социјални мрежи на…

Француската влада соопшти дека на сите државни…

Утре ќе се знае дали „Цар Борис“…

Утре ќе се знае дали Цар Борис…

Следете нè: Вечерва во 21 часот “Тешки…

Следете ја денешната епизода на "Тешки муабети"…

(Видео) Бер Грилс му понудил чоколадо на…

Познатиот авантурист Бер Грилс е обвинет дека…

Три лица уапсени за дрога во Скопје

Денеска по полноќ и вчера полицијата апсеше…