Таче бил на рапорт кај Пуцко – средбата се случила веднаш откако беа обзнанети индици за криминал и корупција на Јахоски

t

Mинатонеделната емисија на КОД со Снежана Лупевска ја потресе владината коалиција.

Емисијата се однесуваше на пресудата со која Пуцко Петрол во сопственост на семејството Јахоски добива 15 милиони евра отштета во Карпош за бензинска која никогаш не е изградена, а парцелата била платена 7 пати поефтино.

КОД посочува дека милионските шеми ги истражува и обвинителството, а Исмаил Јахоски е актуелен пратеник на ДУИ.

Според информациите на Инфомакс премиерот на Република Македонија, Димитар Ковчевски бил на рапорт во канцелариите на Јахоски во Лептокарија, во понеделникот веднаш по емитувањето на емисијата, а темата на разговорот останува непозната бидејќи од Владата не одговараат на новинарските прашања на Инфомакс.

Претходно градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски ја обвини Левица дека намерно одолговлекувале со седницата за нова одлука за ДУП-от и дека тргува со влијание.

Јакимовски повеќе пати ја обвини Левица дека тргува со влијание по оформениот предмет за поднесена иницијатива, со која се оспорува Одлуката на Советот на Карпош од 3 март годинава за донесување на ДУП за Градска четврт 3. 04, Блок 3 04.05.

Јакимовски предупредуваше дека ако Уставен го поништи ДУП-от, „Пуцко Петрол“ ќе добие 15 милиони евра како обештетување.

– На тој потег планерите проценија дека има потреба од бензинска пумпа, а на наддавањето се јавија шест фирми. Пуцко петрол плати 2,6 милиони евра. Тоа е најскапопродадена бензинска пумпа во државата а ќе има само две пиштол-места, рече претседателот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош.

За да се избегне милионска штета за општина Карпош подготвени за гласање во советот на општина Карпош беа само советниците на СДСМ.

Од јуни 2017-та година до почетокот на оваа година Пуцко Петрол има добиено преку 50 милиони евра во неколку стотици тендери од државата.

Освен со екс-премиерот Заев, премиерот Ковачевски, Исмаил Јахоски важи и за близок пријател на Муса Џафери. Воедно Јахоски е мнозински акционер во рафинеријата Окта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомба на чешки пратеник: НАТО ја бомбардираше…

Европската Унија и Соединетите Американски Држави со…

Борел: Никој, никогаш, никаде не треба да…

По повод Денот на сеќавање на сите…

Некој сепак ќе легне на брашното: Конечен…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска пред пратениците во Собранието…

Скопјанец нападнал и грубо навредувал припадник на…

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна…

Тетовец уценувал млада девојка дека ќе објави…

СВР Тетово поднесе кривична пријава за Ш.С.(18)…