Таче задоволен: После 20 години спроведовме европски попис – и во други држави има непопишани по 10% од населението па ништо

t

Сакам да изразам задоволство што после 20 години државата спроведе попис по европски стандарди, рече премиерот Димитар Ковачевски во денешното интервју во емисијата 360 степени на Алсат М телевизија.

Доколку ги погледнете споредбените податоци за пописи во други држави има граѓани неопфатени кои и над 10% не биле опфатени. Кои се причините кај нас затоа што околу 120.000 не се опфатени? Прво, пописот се одржа во специфични околности, се спроведе во услови на ковид криза. Второ беше поместен од април во септември, на барање на опозицијата, кога имаме граѓани кои излегуваат да работат во тој период на полињата, од руралните области. Трето, имаше активен и скриен бојкот од опозицијата. Левица беше против попишувањето а ВМРО-ДПМНЕ прво водеше кампања за бојкот а потоа и скриен бојкот, со што направи лоша услуга на Македонците пред се, во однос на пописот. Не може да зборуваме за критики на пописот од оние кои во голема мера креираа одреден проблем со тоа што на своето гласачко тело им кажуваа дека не треба да има попис, рече премиерот Ковачевски во вечерашното интервју на Алсат М телевизија.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фуркан ЈАКО ГО ПОДБРА Таче: Па…

19 службени возила за 19 километри асфалт…Вака…

Ковачевски за Отворен Балкан: Ние се поврзуваме…

Со Отворен Балкан ги отстрануваме работните дозволи…

Ќе се поедноставува постапката за поставување фотоволтаици

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека се…

(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…

Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…

Јотова: Нема причина да го тргнеме ветото,…

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова не гледа…