Таче се пишмани: Нема да оди во Киев, има интензивна агенда

t

Премиерот Димитар Ковачевски нема да оди во посета на Киев заедно со премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама, велат за „Фокус“ од Владата откако црногорскиот весник „Вијести“ објави дека Ковачевски и Рама ја прифатиле идејата на Абазовиќ заедно да одат во Украина.

-Поканата се однесува на период кој во агендата на премиерот е исклучително интензивен и поради неможност истата да се измени, за жал не бевме во можност позитивно да одговориме.

Нашата поддршка за Украина и храбриот украински народ е недвосмислена и безрезервна. Благодарни сме на поканата за посета за која веруваме дека наскоро ќе биде реализирана, велат од Владата за „Фокус“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот во телефонски разговор го поканил Абазовиќ да го посети Киев, по што црногорскиот премиер ја покренал идејата за заедничка посета со другите премиери на државите од Западен Балкан кои се членки на НАТО.

„Како што најави, Абазовиќ ќе ја покрене идејата за заедничка посета на Киев со премиерите од Западен Балкан, пред сè со НАТО-членките од регионот, со цел да се испрати силна и едногласна порака за поддршка на суверенитетот и интегритетот на Украина од Западен Балкан“, соопштиле вчера од кабинетот на Абазовиќ, за што „Вијести“ пишуваше дека веќе има согласност од Ковачевски и Рама за да се реализира ваква посета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва предупредува за можни провокации од Киев…

Москва го предупредува Киев за провокации насочени…

Киев потврди: Сите членови на екипажот на…

Сите членови на екипажот на украинскиот транспортен…

Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…

Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…

Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…

Претседателот на Владата на Република С. Македонија…

Медведев со шега на сметка на европските…

Поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев, со потсмев…