Објавено на:

55 кинески борбени авиони забележани околу Тајван

t

Десетици кинески борбени авиони се забележани во последните 24 часа околу Тајван, соопшти денеска Министерството за одбрана во Тајпеј.
Властите на островот апелираа до Пекинг да престане со своите „провокативни акции“.

Кина подигна 55 авиони, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека седум воени бродови пловеле околу островот.

Новите авиони беа забележани еден ден откако кинеската војска испрати 103 воени авиони кон Тајван во рок од 24 часа.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека тоа е „неодамнешен дневен рекорд“.

Минатата недела Кина испрати поморска формација предводена од носачот на авиони Шандонг во југоисточен Тајван.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Гаспром“ постави нов рекорд во испораката на…

На 25 ноември рускиот гасен гигант „Гаспром“…

Трилатерална средба за обнова на соработката помеѓу…

Министрите за надворешни работи на Јужна Кореја,…

Кинеската морнарица се брка со американскиот разурнувач

УСС Хопер „нелегално навлегол“ во кинеските води,…

Кинеските болници преплавени со тешки случаи на…

Mycoplasma pneumoniae предизвикува бран тешки заболувања кај…

Стејт департмент: САД се согласни Кина да…

Соединетите Држави „би ја поздравиле Кина да…