Твитер станува како Фејсбук и Инстаграм: Илон Маск воведува голема промена на платформата

t

Сопственикот на Твитер Илон Маск најави дека платформата ќе воведе видео и аудиоповици, како и шифрирани пораки. На овој начин Твитер ги следи Фејсбук и Инстаграм коишто веќе имаат слични опции за видео и аудиоповик.

Така, корисниците на Твитер наскоро ќе можат да се чујат и видат со луѓе ширум светот и преку оваа социјална мрежа без да мора да го дадат својот телефонски број, напиша Маск на својот Твитер-профил.

Тој додава дека ќе може да се испраќаат и шифрирани пораки, но не појасни дали и повиците ќе бидат шифрирани.

Милијардерот лани ги објави своите планови за подобрување на оваа социјална мрежа, нарекувајќи ја „Твитер 2.0 – апликација за секого“. Најавите и тогаш говореа за шифрирани пораки, подолги објави и опции за плаќање преку оваа платформа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер станува како Фејсбук и Инстаграм: Илон…

Сопственикот на Твитер Илон Маск најави дека…

ПОМИНА ПРЕДЛОГОТ ЗАКОНИТЕ ЗА БЕХТЕЛ ДА СЕ…

Сите предложени законски измени се во согласност…

Знаете кој му среди да не оди…

Мештаните на Дубона, Србија, од каде што…

Пукање во фабрика на „Мерцедес“во Германија: Напаѓачот…

Едно лице загина, а друго е повредено…

Измамничка оперира низ цела Македонија: Не уплаќајте…

Името „Голубинка Николова“ на полицијата ѝ е…