ТВ21: Максим Димитриевски можен кандидат за министер за одбрана, ВМРО-ДПМНЕ го добива Куманово, а ЗНАМ – Центар?

Во пресрет на локалните избори, интензивно се водат преговори помеѓу коалициските партнери од владата, како и меѓу ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ, дознава ТВ21 од добро упатени извори.
Соговорниците брифираат дека се разгледува опција за соработка на локалните избори, но истовремено се отвораат и теми поврзани со можна реконструкција на Владата.
Според нашите информации, ВМРО-ДПМНЕ го побарало Министерството за правда, со оглед дека тоа моментално е во рацете на ЗНАМ. За возврат, би го отстапиле Министерството за одбрана, кое сега е раководено од ВМРО-ДПМНЕ, но под услов нов министер да биде Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово.
Во истиот пакет на преговори, ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка од ЗНАМ за нивниот кандидат за градоначалник на Куманово, додека за возврат би дале поддршка на кандидатот на ЗНАМ за општина Центар.
Според наши информации,преговорите сè уште се во тек, а дали ќе се реализира ваков договор, ќе зависи од пресметките на двете страни за политичката добивка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…