Теговски: Решение за проблемот со ветата во ЕУ е укинување на едногласното одлучување
Со Бугарија само се вртиме во круг, а единствено решение сметам дека е укинување на ветото како начин на одлучување во Унијата. Не само во надворешната, туку и во внатрешната политика, зашто ЕУ има често проблеми со одредени вета на земјите. За укинувањето почна да се говори во Унијата, но тоа е долг процес, изјави поранешниот амбасадор Јован Теговски, кој учествува како гостин и предавач на 20. Меѓународна младинска конференција што се одржува во Крушево со млади од 24 земји под наслов „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“.
– Излезот е во менување на правилата на ЕУ и укинување на ветото како начин на одлучување. Само тогаш кога земјите членки не ќе може да поставуваат вето на прашањата и одлуките на надворешната политика, може да се очекува решение. Да не заборавиме дека во последните недели канцеларот Шолц и францускиот претседател Макрон веќе отворено зборуваат на таа тема, за потребата ветото да се укине. Но, да не се залажуваме, тоа е долг процес, рече Теговски.
Тој потсети и дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за време на својот настап пред Европскиот парламент во Стразбур, рече дека е дојдено време да се свика европска конвенција како прв чекор како договор за евентуално менување на договорите од Лисабон, а една од основните причини за тоа е ветото.
– И не само ветото во однос на прашањето за надворешната политика, туку и ветото внатре во Унијата. Се знае дека Унгарија, Полска поставуваа разни препреки и го користеа правото на вето во внатрешните политики на ЕУ, додаде Теговски.
Тој оцени и дека „францускиот предлог“, со сите мани и добри страни, како што рече, е само основа конечно да започне процесот на преговори.
– Но, тоа е само прв и мал чекор. Ни преостанува поголемиот залак да го проголтаме во Собранието, а ќе видиме тоа како ќе се реализира. Јас сум вечен оптимист. Долги години поминав во Брисел, оптимист сум дека еден ден ќе бидеме членки на ЕУ, но неизвесно е кога и по која цена, изјави Теговски.
Теговски се осврна на „загубените“ години во процесот, со „грешките од двете страни“.
– Европа водеше политика која многу години се потпираше само на ветување. Нивното објаснување е дека не сме ги правеле доволно реформите, а ако се земе предвид дека досега сме имале 17 препораки е во контрадикторност со нивните тврдења. Кај нас пак, за неисполнетите реформи е тоа дека преовлада партиократијата и секоја партија која доаѓаше на власт, приоритетот го ставаше на тоа да опстои на власт, а не на реформите, изјави поранешниот амбасадор Јован Теговски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општина Тетово двојно ги зголеми даноците на…
Зголемувањето на даноците на имот од страна…
Директна закана од Израел: „Брзо да го…
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац…
Србија ќе изгради музеј во чест на…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
Израел објави, 19 повредени во нападот на…
Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници,…