Телата по улиците почнаа да го земаат данокот: Во Мариупол епидемија на колера и дизентерија

Во Мариупол избувна епидемија на колера и дизентерија, изјави градоначалникот Вадим Бојченко и предупреди дека илјадници луѓе би можеле да заболат од колера и други смртоносни болести додека има тела на улица, а летото носи потопло време.
Бојченко тврди дека бунарите се загадени со телата на загинатите за време на неколкунеделното руско бомбардирање и опсада и оти руските сили бавно ги собираат телата.
– Има епидемија на дизентерија и колера, рече Бојченко, додавајќи дека проценката на украинските лекари е дека со избивањето на инфекцијата ќе умрат уште илјадници граѓани на Мариупол.
Тој ги повика Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да формираат хуманитарен коридор кој ќе им помогне на граѓаните да го напуштат градот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Работиме на воспоставување стабилност и просперитет…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на отворањето…
Песков: Сè уште нема услови за средба…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави…
Бајден: Ова е неприфатливо, ја повикувам Русија…
„Ова е неприфатливо и ја повикувам Русија…
„МАКЕДОНИСИМО“ на Трпчески и пријателите со македонска…
Со почит кон своите корени, македонскиот пијанист…
Преку 30 луѓе кои земале плата, а…
Новата директорка на ЈП „Комунална Хигиена“ -…