Телефонски разговор меѓу Путин и Макрон доцна вечерва

Нов телефонски разговор меѓу претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон. Од Кремљ соопштија дека сериозно и отворено размениле мислења и за ситуацијата во Украина.
Француската агенција АФП објави дека Макрон го повикал Путин без одлагање да ја прекине операцијата во Украина.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, потпиша указ за општа мобилизација.
Тој ги повика лидерите на ЕУ да ја поддржат „мировната операција на ОН“ во Украина и санкциите против Русија со воведувањето ембарго за трговијата со нафта и гас.
Русија рано утринава започна специјална воена операција во Донбас. Украина прогласи воена состојба и ги прекина дипломатските односи со Москва. НАТО најави и дека ќе распореди дополнителни одбранбени сили во источниот правец. Експлозии се слушаат низ целата земја.
Ситуацијата на контактната линија во Донбас ескалира утрото на 17 февруари. Самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск најавија најинтензивно гранатирање од Украина во последните месеци. Во петокот, на 18 февруари, водачите на ЛНР и ДНР, Леонид Пашечник и Денис Пушилин, најавија евакуација на жителите на републиките во Русија поради зголемената закана од борбени операции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…