Тепачка во Третата македонска фудбалска лига, фудбалер заврши во болница

t

Тепачката во Третата македонска фудбалска лига при што еден од повредените фудбалери завршил во болница. Според Охридската полиција, на 13.04.2025 во 22.00 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија С.Б.(43) од истото село.

-Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крвава пресметка во Карпош – ученици се…

Утринава во близина на хотелот „Карпош“ се…

Македонски фудбалер постигна гол од половина терен

Натпреварот помеѓу Нафта и Домжале заврши со…

(Видео) Идризово како гладијаторска арена: Затвореници се…

Како на гладијаторска битка, во македонските затвори…

Шпанскиот репрезентативец Jамал ​ стана најмладиот стрелец…

Ламин Јамал, фудбалскиот препрезентативец на Шпанија, стана…

Англија прва, Данска и Словенија без победа…

Англија со една победа, Данска и Словенија…